УЈП СЕ ПРЕМИСЛИ: Нема регистрација за пензионери?

Пензионерите, а најверојатно и вработените кои освен пензија и плата немаат дополнителен приход, ќе куртулат од регистрација во електронскиот систем на УЈП, потврдија за ТВ 24 од Управата.

Директорката Лукаревска вели дека се бара решение кое е во интерес на граѓаните.

Oва следува по бурните реакции во јавноста, особено од пензионерите и изнемоштените, дека регистрацијата во електронскиот систем, ќе им создаде непотребни тешкотии и трошоци.

Кои се чекорите што треба да ги направите за пријавување во УЈП?

Сите граѓани кои имале било каков приход изминатата година ќе треба да седнат пред компјутер и електронски да се регистрираат на е-персонален данок.

Во прозорчето Регистрирај се да ги внесат своите лични податоци, матичниот и телефонскиот број, како и лозинка.

На официјалната интернет страна на Управата за Јавни приходи, откако ќе ги пополните сите податоци и ќе се регистрирате, барањето потоа го носите до шалтерите на Управата. Вака накратко изгледа процедурата која секој граѓанин треба да ја направи до 31 декември како би поднел ГДП.

Управата до крајот на месец април пополнетите пријави ќе им ги достави електронски на граѓаните кои во текот на месец мај ќе треба да ги потврдат или коригираат податоците. Доколку тоа не го сторат ќе се смета дека Управата подготвила точна даночна пријава.

Останува отворено прашањето дали ќе се скратат маките и на Управата со гужвите на шалтерите или пак ќе се предизвикаат поголеми турканици.

Инаку регистрацијата се прави само еднаш и тоа оваа година, а потоа Управата сама ќе ги изготвува ГДП и ќе комуницира со граѓаните преку нивните профили. Доколку некој не се регистрира електронски – првата година нема да има казни, но сепак законски тоа е предвидено.

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави и Листата на должници бр.09/2018 за долгови доспеани до 31.05.2018 и неплатени до 31.08.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Вкупниот износ на долгот за физичките лица и самостојни вршители на дејност е повисок од 120.000 денари, додека долгот за правните лица е повисок од 300.000 денари.

На листата објавени се 2.178 должници – правни лица и 2.082 физички лица.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.279.134.122 денари. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.250.255.224 денари, додека долгот за царински давачки е 28.878.898 денари.

ТУКА можете да проверите дали ви има на листата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното