Утре во 9 Заев ќе му ја предаде функцијата на Ковачевски

Од Владата информираат дека утре во 9 часот премиерот во оставка Зоран Заев ќе му ја предаде функцијата на премиерот кој вечерва треба да биде изгласан Димитар Ковачевски.

Вечерва до полноќ Собранието треба да изгласа нова Влада, откако премиерот Зоран Заев по локалните избори поднесе оставка од функцијата.

Владата се гласа со просто мнозинство од 61 пратеник, за кои власта вели дека ги има.

Изет Меџити од ДУИ најави дека нема да гласа, без да ги објасни причините.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното