Утрово најжешко во Демир Капија и Дојран, еве како се движи температурата во останатите градови!

Утрово најтопло е во Демир Капија и Дојран каде се измерени 23 степени.

По нив следува Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Кавадарци, Гевгелија каде се измерени 22 степени. 21 степен се измерени во Скопје-Петровец, Велес. 20 степени Тетово, Прилеп, Струмица, Куманово, Крушево.

Под 20 степени односно 19 се измерени во Претор, Дебар додека пак 18 степени во Крива Паланка, Охрид и Битола.

Најсвежо е во Лазарополе каде се измерени 14 степени, 16 степени има во Берово, Маврови Анови, Попова Шапка.

Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево наместа со слаб ветер од променлив правец и мала локална облачност на североисток.

Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. УВ=10

Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 38 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното