Утрово настудено во Берово, денеска до 26 степени, попладне ќе има и дожд – еве на кои места во Македонија

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

3 Берово, 4 Лазарополе, 6 Струмица, Битола, 7 Маврови Анови, Тетово, Претор, Крива Паланка, Прилеп, Скопје-Петровец, 8 Штип, Попова Шапка, Демир Капија, 9 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 10 Крушево, Виница, Гевгелија, 12 Дојран.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА.

Во текот на ноќта беше ведро со слаб ветер од северен правец. Утрово е сончево со мала локална облачност и е претежно тивко.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 26 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Околу пладне облачноста повремено ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 20 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното