AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Вака Нетфликс се шегува со падот на серверот на Фејсбук

На својот официјален профил на Твитер, познатата платфорна Нетфликс се пошегува за падот на серверите на Фејсбук и објави фотографија од сцената од првата епизода од моментално најпопуларната серија во светот, Squid Game.

Фотографијата го покажува моментот кога главниот лик, Сеонг Ги-хун, е спасен од сигурна смрт од неговиот соиграч Али, фаќајќи го за облеката за да не падне.

„Вака Твитер се спасува кога Инстаграм и Фејсбук не работат“, се пошегуваа од Нетфликс.

Објавата собра повеќе од 60.000 лајкови за половина час.

„WhatsApp, Facebook и Instagram се елиминирани“, се пошегува коментаторот.