Вечерва дожд, грмежи и засилен ветер…од утре се враќа сонцето

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Во утринските часови променливо облачно со слаб локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното