Весна Петрушевска распали по Жељко Митровиќ – допрено дното

Весна Петрушевска на својот сајт mojsajt.mk напиша колумна за еден од главните луѓе на турбо фолкот и реалните шоуа во Србија, Жељко Митровиќ. Во продолжение прочитајте ја статијата каде што Весна остро го нападна Жељко.

Секој има свој сон и тоа е легитимно, оправдано, прекрасно. Убаво е човек да си ги следи своите соништа, својот внатрешен глас , да може да ги реализира сите планови. Но, ние овде на Балканот баш немаме среќа со извесни визионерски идеи, згора на се што поголемиот дел од тоа што ни се пласира е вистинско потценување на интелегенцијата. Не би го пишувала овој текст да сум раат дека нашава македонска публика не се пали на Цеца, Лукас, Раста и реални програми како што е Задруга. На сите оператори може слободно да си гледате 15 канали на Пинк телевизија и да го следите ова реално шоу. Ок, да, имате право да си гледате што сакате, ама така малку е повеќе од непристојно тоа што се случува 24 часа дневно. За новата сезона на ова реално шоу, патем морав да изгледам нешто од нешто за да видам за што се работи, Митровиќ гуруто на турбо фолкот и реалните програми потрошил ни повеќе ни помалку, туку 18 милиони евра. Велат дека парите ги направил со тоа што последниве неколку години државата не му зема данок. Веројатно ги убедил за ослободување од оваа обврска затоа што прави големи уметники дела, секако по свое убедување. За да биде приказната апсурдна. негов херој од детството е Козимо Медичи кој пак навистина бил мецена и знаел да поддржи уметници како што се Донатело,Брунелески…го слушам и си велам,мора да гледа нешто што јас не гледам. За време на Козимо е изградена познатата катедрала Санта Мариа де Флоре во Фиренца. Митровиќ на сред телевизискиот сет за ова реално шоу му кренал шест метарска скулптура на Козимо. Нека има така поголема троа!

Колку добар фраер беше кога си свиреше во еден бенд Октобар 1864, прогресивен, модерен. Веројатно е полесно да затапиш еден народ, згора на се и сиромашен. Во последно време прашувам околу мене дали гледаат телевизија , ми одговараат дека најчесто се на интернет или си гледаат Нетфликс. Кај нас можеби нема телевизиски сетови како овој, ама затоа има дебатни емисии каде сите зборуваат одеднаш, па така е сигурно и извесно дека дамла ќе те удри и притисок ќе ти се качи. Патем маса, столче во студио се најефтината програм. Цепај и удри дебатни! Искрено, не побудалеа. Да не зборувам за фактот што секој еден се појави на телевизиските екрани, неписмени, без никаква наобразба, слаба подготовка или отсуство на подготовка за емисија. Имавме агенција за електронски медиуми ,нели?Булинг на сите страни, говор на омраза. Гаси телевизија е можеби најбезболната опција.

Да се вратам на темата за овој дечково од Србија кој едно време и кај нас зрачеше,ама нешто не се договорија. Но, тоа не го спречува да шири невкус низ целиот регион. Кога ќе го изгледате клипот подолу, веројатно ќе добиете температура и ќе се снеможите од како тој се доживува себеси, тоа е негово животно дело, палата која е единствена на овие простори и поголема од Белата куќа во Вашингтон, ренесанса на уметноста и културата. Го гледам и сакам и јас да конзумирам од тоа што тој го јаде секој ден. Не е веќе ни нос во прашање, веројатно почнал и орално да зема одредени супстанци. Кога зборува колку се восхитува на Козимо, си викаш тууу ништо не научив од ренесансата…..и туку ќе ти светне дека тој ова го прави за реалното шоу. Башка зборува за вработување на стотици луѓе,и овој податок ми е единствено светол во приказнава за рененсансниов лик. Устата ќе ја отворите на најјако кога ќе слушнете дека преку овој проект тој ја подигал културата во Србија на повиско ниво. Немој толку да ја подигнуваш жити здравје, оти и тука мислеа така едно време ….каде бевме…каде сме сега …Идентична матрица на размислување, тој им давал работа на вајарите, реката Стикс ја возобновил(да,има некоја вода во студиото во која има чамци на мотори),едноставно тој своето дело го нарекува имагинариум!

Ајде сега оди и бави се со театар, балет, опера, филхармонија. Кога ова ќе ти го понудат , згора не се ти доаѓа од соседството , а македонските телевизии немаат квалитетна понуда, не ти останува ништо дсруго освен да апстинираш од телевизија на подолг период. Има одлични книги, добри претстави, ете има и концерти. Реалното шоу само што започна! Да продаваш магла и да заработуваш милиони, а ние како публика да гласаме за фаворитот за да остане во оваа перверзија. Овој формат е подолу од дно!

Извор: mojsajt.mk

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното