ВИДЕО „Болка“ – документарен филм за масакрот во „Владислав Рибникар“ во Белград

Помина една година од незаборавниот масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а по овој страшен повод токму во петок, во 20:30 часот на РТС 1 ќе биде пуштен документарниот филм „Болка“.

Во документаниот филм се зборува за убиените, нивните соништа, последниот ден односно кобниот ден 3 мај 2023 година, одговорноста, реакцијата на општеството за злосторството, меморијалниот центар, но и дали нешто се сменило од тој ден.

Тринаесетгодишен ученик влезе во своето училиште и уби девет соученици и еден училишен чувар, а ранети беа уште петмина.

Нема да одговора за своето злосторство, бидејќи во тој момент немал наполнети 14 години.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното