ВИДЕО Брачен пар пензионери нашле начин како да не го плаќаат домот за стари лица: Го прават ова за поефтино

Брачен пар пензионери се одлучиле за необичен начин на живот. Донесоа таква одлука бидејќи таа опција им е поевтина од плаќање кирија во пензионерски дом. Многумина сигурно ќе се изненадат.

Пар од Австралија поминува речиси 500 дена на море бидејќи резервирале 51 последователно крстарење. Велат дека тоа ги чини помалку отколку кога би живееле во дом.

Пензионерите Џес и Марти Ансен беа на своето прво крстарење во 2022 година, откако поминаа две години во изолација поради епидемијата на корона. Нивната желба е да живеат на море две години. „Тоа е нашиот начин на живот. Му реков на туристичката агенција: „Што и да дојде, само резервирајте го“, изјави Џес за „A Current Affair“.

Љубовта за крстарење ја развиле уште кога биле млади, кога често оделе на патувања со брод. И додека се на море играат, одат на вечери, а и им е мило што имаат домашна помошничка.

„Каде на друго место можете да одите на вечера, шоу, танц? Имате активности во текот на целиот ден“, додаде Џес додека Марти истакна дека сака да запознава нови луѓе. И пензионерите речиси секој ден играат пинг-понг, уживаат во омилениот пијалок на палубата и прекрасниот поглед.

Тие го гледаат семејството кога се закотвуваат на пристаништата во близина на нивните домови. Тие рекоа дека живеат прекрасен живот.