ВИДЕО Драма во Белград: се запали градски автобус, оганот се проширил на моторот

Автобус кој сообраќал на релација 351 се запали на улицата Воислав Илиќ кај Синиот мост во Белград.

На страницата на Инстаграм е објавено видео од запалениот автобус.

Возачот веднаш се обидел да го изгасне пожарот, но не успеал. На местото на настанот излезе и полицијата.

Според првичните информации, во пожарот нема повредени.

Тамошните медиуми потсетуваат дека и пред два дена, на 28 ноември, беше објавено дека градски автобус се преполовил во близина на Машинскиот факултет. Возилото се движело кон гаражата и во него немало патници.

Исто така, околу 27 октомври, на Бранков мост изгоре автобус.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното