ВИДЕО: Филмско грабнување на затвореник на пат кон Идризово, ранет полицаец

Припадник на затворската полиција од КПУ Идризово е ранет вчеравечер откако нивното возило било пресретнато и нападнато при транспорт на затвореник кој добивал лекарска помош.

ВИДЕО: Беким Мемети е избеганиот затвореник: Му го одзел пиштолот на возачот и пукал во него, па избегал со ауди

Според првичните неофицијални информации, возилото на затворската полиција се движело кон затворот Идризово, кога засега непознати лица со друго возило им го пресекле патот, удриле во возилото во кое бил затвореникот и вооружено се пресметале со припадници на затворската полиција.

При инцидентот ранет е еден припадник на затворската полиција, а притоа насилниците успеале да го одземат од полицијата и затвореникот, кој според неофицијални информации е осуден за убиство, но засега неговиот идентитет не е познат.

Засега не е познат степенот на повреди на ранетиот полицаец.

Очигледно дека станува збор за добро планирана акција во која најпрво е исценирана потреба за лекарска помош на затвореникот, за потоа вооружена група да ја нападне затворската полиција и да го спаси осуденикот.

Повеќе информации во текот на денот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното