ВИДЕО Голем пожар во Скопје, гори магацин

Попладнево во скопската населба Карпош избувна голем пожар во магацин, при што зградата е зафатена од густи пламенови и чад.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината за избувнувањето на пожарот.

Според првичните сознанија, пожарот зафатил складиштен простор, а локалното население е вознемирено поради интензивниот чад што се шири низ населбата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.