Емисијата КОД на Телма телевизија дознава дека меѓу возачите во конвојот на Беса транс биле и двајца вработени во ЈСП Скопје.
Во резервоарот на автобусот е најдена сплесканата банкина која го разнела и придонела да се разлее нафтата низ целото возило, ова е објаснувањето на бугарските истражители за почетокот на пожарот.
Но зошто огнот бргу се ширел низ горната платформа каде биле патниците, а сопрел во долниот дел кај багажникот- истрагата се уште нема официјален одговор. КОД дознава и дека меѓу возачите во конвојот на Беса транс биле и двајца вработени во ЈСП Скопје.
Емисијата се емитува вечерва 19:15 на Телма.