ВИДЕО Келнерка откри трик со кој се служи за да ги „избрка“ гостите!

Всушност, оваа келнерка објави видео на TikTok во кое објаснува дека однапред подготвува сметка за гостите кои сака да ги остави што е можно поскоро.

Наместо да чека гостите да ја побараат сметката, таа веќе ја има подготвено во џеб и ја предава веднаш штом ќе биде побарана. Ова е сигнал до гостите дека е време да одат.

Во нејзиното видео под корисничкото име @tastyriah, таа покажува како ја држи сметката велејќи:

@tastyriah #fyp #serverlife #servertok #customerservice ♬ original sound – sissy

„Кога гостите прашуваат дали можат да ја добијат сметката, јас веќе ја вадам од мојот џеб бидејќи чекав да го напуштите мојот сектор.

Оваа постапка, според нејзиното искуство и искуствата на другите работници во ресторанот кои се огласија во коментарите, е еден од начините суптилно да им се каже на гостите дека е време да се расчисти ресторанот за нови гости.

Иако овој трик се користи за брзо ослободување на масата, келнерките и келнерите често нагласуваат дека гостите можат да платат секогаш кога се подготвени и дека нема брзање, за да ја задржат учтивоста и професионалноста во комуникацијата, пренесува Нова.рс.