ВИДЕО Маскирани лица го симнаа црковното и го постација албанското знаме до крстот на Попова Шапка

„Балистите го вејат двоглавиот орел на Попова Шапка“ – со овој наслов порталот „Тетова сот“ вечерва објави видео на кое се гледа како непознати лица го симнуваат македонското знаме и поставуваат албанско знаме на јарболите веднаш до 15 метарскиот крст во дворот на црквата на Попова Шапка.

„Ние сме на наша земја. Кои политичари го прават тоа за нас? Самите тетовци ја преземаме контролата. Браво“ – се вели во еден од коментарите.

Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.

-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија.  информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Вечерва со објава се огласи и претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

„Ова, како многупати претходно, е намерна провокација и подгревање на меѓуетничката нетрпеливост. Граѓаните да не наседнуваат на ваквите провокации, МВР веднаш да ги идентификува сторителите и да поднесе соодветни пријави“, пишува Ангелов.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното