Министерството за внатрешни работи на Србија објави видео од апсењето на осомничените за убиството на криминалецот кој во регионот е познат како Ранко Ескобар, пишува N1 Србија.
Ранко Р.(55) е убиен пред два дена околу 11 часот на бензинска пумпа во Белград. Неговото име се споменуваше во јавноста како сопственик на блиндиран автомобил кој беше пронајден во гаражата на Марко Миљковиќ, десната рака на српскиот криминалец Вељко Беливук.
Српското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека полицијата го уапсила С.З. (28) и Л.В. (26) поради сомнение дека го сториле делото тешко убиство.
На осомничените ќе им биде одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.