ВИДЕО Рецепт по кој целиот свет полуде: Пробајте го омлетот „торнадо“, ремек-дело од јајца!

Интернетот е воодушевен од корејскиот омлет „торнадо“ – визуелно привлечен и необичен начин на подготовка на јајца што ги освои социјалните мрежи низ целиот свет.

Рецептот доаѓа од Јужна Кореја, а процесот на подготовка е различен од класичните кајгани.

Како да се подготви омлет „торнадо“?

Сè започнува како обично кајгана – јајцата се кајганаат и се истураат во добро загреано масло. Но, потоа се случува магијата: со помош на стапчиња за јадење или дрвени ражничи, се фаќа центарот на јајцето и нежно се ротира. Движењата мора да бидат бавни и прецизни за да се создаде ефект на вртлог – оттука и името „торнадо“.

Омлетот се ротира додека не се свари целосно, без течни делови. Кога ќе добие облик на спирална купола, се преместува на чинија. Во Кореја, најчесто се служи врз варен ориз, со зеленчуков сос или по желба.

Освен што изгледа импресивно, омлетот „торнадо“ е и вкусен – а ако сакате да ги импресионирате гостите или да го збогатите сопствениот појадок, обавезно пробајте го.