Владата најавува план за борба против лажните вести, опозицијата обвинува за цензура

Владата отвори фронт за борба  против лажните вести и дезинформации. Акциска група составена од сите релевантни институции меѓу кои се и безбедносните, ќе ги анализира и следи нападите од  лажни вести. Ова е дел од предлог план на владата со 14 точки со безбедносни и проактивни мерки. Традиционалните медиуми, порталите и сите информации на интернет ќе бидат проверувани за да не се дозволи манипулација на граѓаните. Согласно препораките на ЕК, и по низата лажни вести по кои државата се прослави во светот, Владата со легислатива ќе ја зајакнува националната безбедност и сигурност.

Предлог-акцискиот план е сублимат на процеси.Тоа значи започнување нова фаза во спроведување со зафатите на демократијата, креирање нови безбедносни протоколои, надградба на безбедносните протоколи на сите службеници. Ќе ја зајакнеме внатрешната ИТ структура, со цел навремено спречување напади“

Планот предвидува тренинзи за медиумска писменост а ќе се воведуваат и критериуми за медиумите кои се акредитирани за да следат владини настани и пресконференции.

Опозицијата обвинува дека премиерот се обидува со новата стратегија да воведе цензура на медиумите кои не размислуваат како него. Од ВМРО ДПМНЕ велат лажни вести се сите оние изјави на премиерот со кои ги затскривал криминалните скандали на власта и СДСМ.

Зоран Заев со лаги и дезинформации дојде на власт. Секоја негова лага и дезинформација сега се открива. Затоа е Заев во паника и се обидува да ги заплаши и цензурира медиумите.

Колку оваа однародена власт го зголемува притисокот врз својот народ и медиумите, толку повеќе и погласно ќе излегуваат на виделина сите нејзини криминали и коруптивни скандали.

 

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното