Владата задоволна од растот на економијата, ВМРО-ДПМНЕ смета дека бројките се фингирани

Бројот на вработени расте, платите се зголемуваат, цената на струјата е стабилна, извозот и инветсициите одат нагоре. Власта направи анализа во која стои дека економијата расте, а граѓаните добиваат. Опозицијата одговара пак, да блескавме како што тврди Заев немаше и Стево Пендаровски да сака да се исели од Македонија.

Анализата ја подготви тимот на Анѓушев, во неа се споредуваат статистичките податоци од три периоди: од јули 2013 до јуни 2015, јули 2015 до јуни 2017 и од јули 2017 до јуни 2019 година.

 Таму се наведува дека бројот на вработени во последните две години е за 158% поголем споредено со периодот 2013 2015.

Просечната плата порасна за 2.297 денари во овие две години, за разлика од растот од само 821 денари во времето на претходната Влада.

Опозицијата пак смета дека попусти се сите фингирани бројки на Владата кои со розови очила ја гледаат црната реалност. За ВМРО ДПМНЕ најголем доказ за лошата состојба во земјава е изјавата на претседателот Пендарвски, кој јавно на регионален форум во Нови Сад кажа дека и тој ако не би бил претседател на државата би се иселил.

„Не мисли само Пендаровски да се иселува. Со оваа влада се иселија илјадници млади луѓе. Полни се автобусите и аеродромите со млади со карти во еден правец.Иселувањето е последица на презадолженост на државата, со јавен долг од над 5.4 милијарди евра, високите даноци, нефункционалниот правен систем, непотизмот, криминалот и корупцијата единствена опција за младите е да се иселуваат“, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

 

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното