ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Арсовска: Додека се договара со себе си кој е виновен, еднаш владата, друг пат УО, ЈСП пропаѓа!

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека додека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска се договара со себе си кој е виновен, еднаш владата, друг пат УО, ЈСП пропаѓа.

Тие бараат да си поднесе оставка зошто е неспособна.

„Вчера за Арсовска беше виновна владата, а денес е виновен Управниот одбор на ЈСП кој што наводно го упропастил претпријатието. А Управен одбор одлучува по материјали што ќе му ги достави директорот.

Сигурни сме дека не е виновна самата Арсовска, ниту пак оној несреќен директор чиј глас не го слушнавме на советот.

И додека Арсовска се договара со себе кој е виновен ЈСП пропаѓа.

Денес 1.000 семејства се без плата, а 1.000.000 илјади граѓани без превоз.

Тоа е она што е важно и тоа е она што треба да се поправи. Добро е што градот конечно ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата распределба на средства за плати во ЈСП.

А Арсовска влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која и успеало да банкротира претпријатие. Таа треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното