ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да побара оставка од Арсовска – „во спротивно ќе ја потврдат тендер провизиската коалиција Тачела“

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска бараат СДСМ да побара оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во спротивно, како што велат ќе се потврди провизиската коалиција Тачела.

„Одговорни за хаосот во Скопје се партнерите од коалицијата Тачела. Всушност оваа коалиција стои зад кадрите на СДС дополнети со ликови од ДУИ, ГРОМ и Левица кои ги водат јавните претпријатија кон пропаст, а со тоа и Градот кон колапс. Оваа коалиција не ја врзуваат ниту програма, ниту принципи, туку ја врзуваат бизнис интересите, тендерите и дебелите директорки плати. Ниту интересите на градот Скопје, ниту интересите на граѓаните не им се битни, само пусти пари и провизии.

Впрочем, ако СДС навистина сметаат дека Данела Арсовска лошо го менаџира Градот Скопје зошто не побараат оставка од неа? Зошто  ГРОМ, Левица и ДУИ молчат и полнат директорски џебови дури градот е во хаос?

Ги повикуваме СДС ако имаат храброст и принципи да побараат оставка од Арсовска? Во спротивно молкот е потврда дека Тачела коалицијата е голема колку и меракот за матни тендери, пари и провизии на нејзините сегменти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното