ВМРО-ДПМНЕ најави кривична за Арсовска доколку во спогодбата со превозниците се договорени и дополнителни камати!

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во интервју истакна дека никој во Советот на Град Скопје, не ја видел спогодбата меѓу градоаначничката Данела Арсовска и приватните превозници.

Тој вели дека ќе поднесат кривична пријава против градоначалничката, но и директорот на ЈСП, доколку е договорено да се исплаќаат дополнителни камати за неисплатените фактури кон приватните превозници.

„Јас сакам да ја видам таа спогодба. Ние како Совет немаме никаква информација, што соддржи, формално спогодбата која што ја постигнале, или дали тоа можеби е уште една нејзина лага дека се спогодила или навистина има нешто. Но, ако таа спогодба соддржи камата, затоа што законски им следува камата од неисплатените фактури, еве јас од оваа емисија можам да најавам дека и јас и ние како Советничка група ќе поднесеме кривична пријава и против градоначалничката и против директорот на ЈСП, ако се договориле да им ги исплатат дополнителните камати. Затоа што тоа е директно општетување на Буџетот на Град Скопје. Затоа што од буџетот на Град Скопје се исплаќаат средства на ЈСП, а ЈСП им исплаќа на приватните превозници“, вели Андоновски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното