ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од недоличното однесување на Арсовска, не беше доволен циркузот од СДС, па сега јавноста треба да го гледа и на Арсовска

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение велат дека се згрозени од недоличното однесување на Данела Арсовска.

„Како градоначалник, наместо како пример за добро однесување и управување е пример како не смее да се однесува јавен функционер.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ го поддржува правото Славески да го спроведува деловникот дословно.

На Македонската јавност и е преку глава од циркузот кој го организира власта, па згора на се сега треба да го гледа и циркузот во режија на Арсовска.

Да посветуваше толку внимание на работа и проекти, немаше Скопје да биде руиниран град.

ВМРО-ДПМНЕ не сака и не е да биде дел од циркузот на Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното