ВМРО средба со СПСЗМ, „Ќе ги поддржиме бизнисите без разлика на етничката припадност“, вели Мицкоски

На просториите на Стопанската комора на северозападна Македонија се одржа средба меѓу претседателот на ова комора, Неби Хоџа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За разлика на претходното раководство, ова е прв пат претставник на ВМРО-ДПМНЕ, да учествува во настани на оваа комора.

На прашањето на ТВ21, дали ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени пристапот кон албанските бизниси, Мицковски одговори дека тој и неговата партија не ги делат бизнисите според етничката припадност. Тој беше амбициозен дека во иднина кога ќе биде премиер, ќе се ангажира да ги стимулира бизнисмените кои инвестираат во Македонија, без разлика на нивната етничка припадност.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното