Во Косово е уапсен еден од членовите на групата „Грчец“ Дритон Ибиши, кој се бараше со меѓународна потерница за неовластено производство и трговија со дрога.
Според информациите на тамошните медиуми, тој бил фатен на автопатот Приштина-Феризај околу 17:30 часот по локално време.
„Ибиши Дритон татко Џемаиљ мајка Шинѓиле род.03.04.1973 год. во Скопје каде и живее на ул„.Смилевска“ бр.10/А, Ѓорче Петров. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год .Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од КЗ на РСМ“ – стои на меѓународната потерница.