Во седиштето на Европската комисија во Брисел е примено писмо со бел прав, објавија белгиските медиуми. Информацијата ја потврди портпаролот на комисијата.
Ковертот е примен на 13-ти кат во ИК, каде што се наоѓа канцеларијата на претседателот на комисијата. Сите се добро, објасни портпаролот.
Според пишувањата на медиумите, само еден вработен имал контакт со пратката. Се прецизира дека се чувствува добро.
На местото на настанот се испратени екипи на цивилната одбрана, полиција и лекари. Допрва ќе се испитува содржината на пликот, додаваат од безбедносните служби.