Во сообраќајка во Чаир тешко повреден мотоциклист

Вчера во 13.00 часот на крстосница од улиците „Втора Македонска бригада“ и „Боро Менков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Л.(34) од Скопје и патничко возило „Цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(47) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Л. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното