Вонредни контроли по алармот на д-р Чибишев: Конзервираната риба-туна во Македонија е безбедна за консумација!

октор Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија вчера предупреди дека европските институции за контрола и безбедност на храната алармираат за присутна голема концетрација на жива во конзервирана риба-туна и повикуваат на внимателност и построги контроли на храната која се увезува во земјите на ЕУ.

Според она што го сподели на социјалната мрежа Фејсбук следуваше експресна реакција на надлежните институции.

„Попладнево разговарав со директорот на Агенцијата за храна и ветерина г-динот Оливер Миланов кој ме информира дека Агенцијата после мојот коментар на социјалните мрежи во рамките на своите законски надлежности направи консултации со соодветните европски инситуции задолжени за контрола на безбедноста на храната и направи вонредни контроли на посочените конзерви туна и гарантира дека овие производи кои се продаваат во трговската мрежа во Република Македонија се безбедни за консумација.

Браво за брзата, одговорна и професионална реакција.

Не сме исти!, напиша докторот на Фејсбук.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното