Вози голф и има кредит: Кој е новиот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази?

Новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција и гостиварски обвинител Ислам Абази е вистинска мистерија за јавноста.

Тој седна во жешкото столче на поранешната шефица Вилма Рускоска, но претходно јавноста воопшто и не ни знаеше како изгледа, воопшто не даваше изјави, немаше ни кампањи, а ниту пак имаше презентација на својата програма околу тоа што и како планира да работи во Обвинителството.

Имено, негова слика нема ниту на биографијата на веб страницата на Вишото јавно обвинителство Гостивар.

Негова биографија пак пред себе ја немале ниту членовите на Советот на јавни обвинители кои во најголем дел гласаа за него, што значи дека иако без план и програма најголем дел од обвинителите сепак сметале дека тој е најсоодветен да ја раководи оваа институција.

Но, што поседува новиот шеф на ОЈО ГОКК?

Според неговиот прв анкетен лист во Антикорупциската комисија, Абази располага со куќа во кичевското село Зајас, од 1998 година, и со стан во Кичево од 1985 година, за кои е наведено дека е имот на родители, но ни за двата имоти нема податок како се стекната.

Куќата има 210 метри квадратни и за неа е наведено дека чини 3 милиони денари, додека пак станот вреди 1,8 милиони денари.

Од личен имот, шефот на обвинителството располага со фолсфаген голф со сума од 300 илјади денари, од 1999 година стекнат со договор за купопродажба.

Абази имал кредит на сума од 250 илјади денари, кој го зел во 2009 година и го отплаќал 4 години.

Извор: Нетпрес

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното