ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Се шири снимка од нападот во Шведска – се слушаат вресоци, луѓето бегаат

На социјалните мрежи се појави видео од пукање во училиште во Шведска во кое според првичните информации се ранети најмалку пет лица.

На видеото, чија автентичност сè уште не е потврдена, се гледаат луѓе како панично бегаат од училишниот двор додека одекнуваат истрели. Исто така, се слуша женски глас кој предупредува на опасност, проследен со вресоци.

Според шведскиот весник Expressen, напаѓачот наводно извршил самоубиство откако разменил оган со полицијата внатре во училиштето. Сепак, полицијата продолжува да ја предупредува јавноста дека не е сигурно дека дејствувал сам и ја продолжува истрагата за утврдување на сите околности на нападот.

Инаку првично се појавија информации дека напаѓачот се самоубил, полицијата сега проверува дали меѓу застреланите е и убиецот.

На местото на настанот има голем број полицајци и екипи за итна помош.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното