Во познато средно училиште во Прилеп денеска на пладне се случила стравична глетка. Дваесетина ученици крвнички нападнале свој врсник кој се враќал од училиште.
„Доколку, со викање и закани дека ќе бидат пријавени, не реагираа луѓе кои случајно се најдоа на местото не се разбегаа насилниците, не сакам ни да претпоставам што се’ можеше да се случи, бидејќи ова не било првпат ученикот-жртва да биде напаѓан од насилната група“, пишува еден сведок.
Новинарката Каролина Дурло пишува дека случајот е пријавен и во училиштето, каде, како што дознавме, биле запознати, бидејќи и мајката на ученикот-жртва веќе реагирала, а информиран беше и полицискиот службеник кој патролира во близина на училиштето
„Ученикот-жртва, преплашен, рече дека не знае кои биле насилниците, но за да се заштити, со себе, во ранецот носел два кујнски ножа, кои му беа одземени од страна на полицискиот службеник. Од разговор со други ученици во училиштето дознавме дека ученикот-жртва било мирно и повлечено дете, а додека насилната група постојано провоцирала и други деца“, пишува новинарката.