Вучиќ: Предвремени избори ќе има ако опозицијата го сака тоа

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одржувањето за предвремени избори зависи од опозицијата , тие ќе се случат, ако опозицијата го побара тоа, рече Вучиќ.

„Тие сакаа да кажат дека сето ова е поради изборите. Изборите зависат само од нив. Еден збор да кажат и тие ќе се одржат, „Ќе ги победам убедливо“.

Коментирајќи го писмото испратено од лидерот на опозициската партија Двери Бошко Обрадовиќ на рускиот претседател Владимир Путин, Вучиќ во ироничен тон рече дека за Путин „мора да му е многу важно што го добил ова писмо“.

Тој, исто така, одби да ги коментира тврдењата на лидерот на Народната партија, Вук Јеремиќ, дека премиерката Ана Брнабиќ планира да поднесе оставка по посетата на Путин во Белград. „Не можам на глупости да одговарам“ рече Вучиќ.

Вучиќ тврди дека никогаш не му кажал на некој претставник на опозицијата дека е предавник.

„Тие секојдневно ме нарекуваат криминалец, предавник. Мислат дека имаат право секој ден да ме навредуваат за нешто да сменат, а притоа кукаат кога некој нив ги навредува, рече претседателот на Србија“

Тој додаде дека опозицијата, кога последен пат била на протести, освоила 40 отсто помалку гласови на изборите во Белград, додека СНС доби 20 отсто повеќе гласови.

Извор: ТВ21