Според компанијата, сите линии ќе бидат прекинати до крајот на оваа летна сезона, поточно до 28 октомври.
Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air планира да откаже или привремено да прекине неколку линии од три пазари на поранешна Југославија.
Во Србија ќе се откаже летот меѓу Ниш и Малме, во Босна и Херцеговина ќе се откажат летовите од Бања Лука до Стокхолм и Хамбург, додека во Црна Гора ќе се откажат летовите од Подгорица за Рим и Виена.
Овие линии ќе бидат во прекин до крајот на летната сезона, најдоцна до 28 октомври, но повторно ќе бидат активни од следното лето, се вели во соопштението на компанијата. Wizz Air ќе ги прекине летовите меѓу Ниш и Малме во текот на зимските месеци, а последниот лет за оваа година треба да се реализира на 27 октомври.
Wizz Air одржуваше линија меѓу овие два града во претходната зимска сезона, но во минатото ги прекина летовите меѓу нив, како што беше случајот во 2019 година. Малме беше првата дестинација на Wizz Air од Ниш.
Причината за прекинот на летовите меѓу Ниш и Малме во претстојната зимска сезона се оперативни причини, но се очекува линијата повторно да се активира сезонски, информираат од Аеродром Србија. Исто така, беше најавено дека Wizz Air ќе ги зголеми операциите од Скопје и Белград во текот на претстојната зимска сезона.
Во Босна и Херцеговина Wizz Air ќе ги откаже летовите меѓу Бања Лука и Стокхолм, а последниот лет е планиран за 28 август. На крајот на летната сезона, на 28 октомври, ќе бидат прекинати и летовите меѓу Бања Лука и Хамбург.
Сепак, Wizz Air ќе продолжи со операциите меѓу Бања Лука и Базел и Дортмунд во текот на зимата.
Исто така, нискобуџетната авиокомпанија планира да суспендира две линии од Подгорица во текот на зимата. Кон крајот на октомври ќе престанат летовите од главниот град на Црна Гора до Рим и Виена. Сепак, компанијата најави дека двете линии ќе бидат обновени за време на летната сезона во 2024 година, која започнува на 31 март следната година.