Али Ахмети во „Клик Плус“ на ТВ21 имаше свој коментар околу можното легализирање на марихуаната, најпрво во Скопје и во Охрид.
Ахмети рече дека за ова прашање треба да се прашат и професионални институции и стручни комисии кои ќе донесат проценка.
-Ова е прашање што треба да се погледне, во пишана форма и со анализа, без да се види документ со анализа, и во пишана форма, јас не можам да се произнесам-вели Ахмети кои рече дека легализација на марихуана го немало во програмата на ДУИ.
-Доколку дојде во Влада, треба да се видат причините, дали ќе има бенефит, дали ги загрозува државните интереси, затоа реков да видиме што ќе кажат експертите“, рече Ахмети.
.