Национален интерес на Бугарија е да има стабилен, сигурен и безбеден сосед од Р. Македонија. Тоа ќе биде така кога земјата ќе стане сојузник на НАТО и член на Европската унија. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.
Таа рече дека земјата нема да прави компромиси со условите што треба да се почитуваат за да се биде дел од целиот преговарачки процес на ЕУ, пренесе БГНЕС.