Запален Голф во Визбегово, соседите го изгасиле пожарот!

На 22.03.2026 во 02:28 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Визбегово, скопско, било опожарено патничко возило „голф 6“, сопственост на Ф.Е.С..

Огнот бил изгаснат со помош на соседите, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.