Запалено возило во Куманово, неколку лица во болница по вдишување на чад!

На 12.04.2026 во 23:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на улицата „Тоде Мендол” во Куманово  настанал пожар во паркирано возило „смарт брабус” со швајцарски регистарски ознаки.

Неколку лица кои вдишале дим биле пренесени во Ургентен центар-Куманово за укажување на лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.