Влада: ЕСМ ќе ги грее скопјани – ќе треба да се плаќа на Адора 390.000 евра годишно

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, со цел обезбедување топлинска енергија во Скопје, донесе одлука со којашто на ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје му се наметнува обврската за обезбедување на оваа јавна услуга.

Обврската на ЕСМ ДООЕЛ Скопје се однесува на вршење енергетска дејност: регулирано производство на топлинска енергија за потребите на потрошувачите на дел од подрачјето на градот Скопје и тоа за подрачјата на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир, како и за обезбедување топлинска енергија за покривање на загубите во системот, системска резерва и системски услуги за одржување на потребните работни параметри во рамките на системот за топлинска енергија за овие делови од Град Скопје.

Премиерот Димитар Ковачевски на вечерашната прес конференција соопшти дека според договорот за закуп за топланите, ЕСМ ќе и плаќа 390.000 евра годишно на Адора, која е сопственик на топланите.

-Договорот е направен помеѓу ЕСМ, компанија определена од Владата да управува со затоплувањето. Условите за договорот меѓу Адора, која е сопственик на топланите и ЕСМ, ги опредеделува Регулаторната комисијата. Како што слушнав, станува збор за 390.000 евра годишно кои како закуп ќе ги плаќа ЕСМ. Ќе се прават и дополнителни анализи за целосно откупување на топланите, рече Ковачевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното