Завршува есенската потрошувачка кошница

Завршува мерката за ограничување на профитната маржа на 73 основни прехранбени производи, што Владата ја воведе во септември. На овие производи, бруто профитната маржа беше ограничена на 10% во трговијата.

Владата најавува силен отпор на нови зголемувања на цените. Премиерот Христијан Мицкоски изрази уверување дека ќе ги искористат сите можности за заштита на стандардот на граѓаните. Според него, ако дојде до зголемување, ќе се реагира со ригорозни мерки.

Од Владата се најавуваат и нови потрошувачки кошници со ограничено времетраење.