Жетвата и откупот на пченица во Пелагонија заврши, но не и маките на земјоделците. Откупната цена за килограм пченица која ја објави Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, земјоделците ја демантираат. Велат дека со оваа цена можат само да купат ново семе, но не и да живеат. Од министерството пак велат дека се работи за заблуда. Цената која ја објавиле била за лебно зрно, а не за пченица за сточна храна.
Заврши жетвата по Пелагонија, земјоделците не задоволни од откупната цена. Велат дека со оваа цена можат да купат ново семе за на есен.
„Оваа година пченицата, сите веќе знаат дека се откупуваше на осум денари. И така заврши цела сезона. Годинава имав 60 хектари, со просечен принос од 4 тони. Ја продадов цела. На оваа цена нема задоволство, бидејќи може само да купиме ново семе за на есен.“, вели Пеце Шамбевски – земјоделец од село Радобор.
Цената дополнително се намалува кога ќе се одбие превозот на пченицата.
„Јас продадов околу 33.000 килограми пченица по цена од осум денари. Односно откако ќе се одбие трошокот за превоз на пченицата е некаде 7,6 денари. И во другите региони на Македонија цената е иста како кај нас, тие плус имаат и проблеми бидејќи немаат откуп“, вели за ТВ 21 Вељо Тантаров – земјоделец од Новаци.
Од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство велат дека се работи за заблуда. Апелираат земјоделците да не шират дезинформации околу откупната цена на пченицата. Сумата што ја посочуваат од седум до 8,5 денари Димковски вели дека се однесува на пченица за сточна храна, а не на онаа квалитетната, за лебно зрно
„Апелира земјоделците да не шират дезинформации околу откупната цена на пченицата. Сумата што ја посочуваат од седум до 8,5 денари, рече денеска Димковски се однесува на пченица за сточна храна, а не на онаа квалитетната, за лебно зрно“, рече Трајан Димковски на поставено новинарско прашање.
Земјоделците веќе втора недела бараат средба со Владата, но денеска и од министерството за земјоделство ги повикаа на разговор.
„Бараме прием кај премиерот Зоран Заев за да може да ги кажеме нашите земјоделски маки од оваа година и тие кои следуваат“, вели Вељо Тантаров.
„Дајте да седнеме бидејќи министерството отвори еден нов лист каде што сакаме да работиме транспарентно и искрено со сите засегнати страни“, изјави Трајан Димковски.
Поради лошата откупна цена за 30% се намалени површините со пченица за разлика од минатата година. Македонија веќе неколку години не може да ги задоволи своите потребите, па приморана е пченица и брашно да увезува од соседните земји. Доколку проблемот со откупната цена не биде решен земјоделците велат дека ќе станеме увозно зависни за пченица која претставува основна храна во нашата држава.
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1315441898586011/
ЈОВИЦА ПАУНОСКИ