Беа поканети за да ја претстават нивната политичка програма, но претставничките на ДУИ и Алијанса за Албанците, Арта Биљали Зендели и Илире Даути веднаш почнаа со преписки. Арта Биљали Зендели од ДУИ рече дека Илире Даути ги навредила учениците Албанци. Ја прекина Даути велејќи дека тоа е клевета.
„Споменатата госпоѓа еднаш испрати критика и многу голема навреда кон албанските студенти и ученици. Разликата меѓу нашиот и нивниот кадар е тоа што кога ние гледаме негативна појава, пристапуваме и го третираме тоа бидејќи токму тие ученици и студенти кои ги навреди г-ѓа Илире Даути, дека се неписмени“, истакна Арта Биљали Зендели.
„Дали треба да ти дозволам да зборуваш или навистина треба да те прекинам бидејќи клеветите јавно. Мене ми се јасни овие ваши работи. Г-ѓа Арта дали знаеш дека клеветите јавно и барам итно да се извините“, посочи Илире Даути.
Ветувањата на ДУИ се хелиумски балони кои летаат високо штом завршат изборите и откако ДУИ ќе ги добива гласовите на Албанците, рече Даути.
„Програмите на ДУИ јас би ги нарекла балони од хелиум бидејќи тие беа во нивни раце додека ги добија мандатите и потоа кога летаа високо, никој не ги виде повеќе. Тие ветувања никогаш не станаа реалност , летаат некаде високо по изборите“, додаде Илире Даути.
Зендели рече дека е за жалење тоа што албанските партии на идејата за премиер Албанец гледаат како сон.
„Идејата за премиер Албанец, за жал, и овде слушам дека се пласира како сон, што навистина е за жалење и тоа е разликата меѓу ДУИ и другите политички партии, ние не ги гледаме Албанците како инфериорни поединци, туку како достоинствени лица кои го имаат потребниот капацитет за да бидат на главни функции во државата“, истакна порача Арта Биљали Зендели.
Биљали рече дека целта на Алијанса за Албанците за Претседател Албанец беше сон бидејќи тоа не може да се реализира без Уставни измени, а функцијата Премиер Албанец може лесно да се обезбеди преку гласови во Собрание. Дебатата ескалираше со меѓусебни преписки и лични навреди, а најупотребливата реченица беше „ти не можеш да ми кажеш што треба да зборувам и како да се однесувам“.
.