11 Октомври во знакот на европската иднина и добрососедството

Ако Бугарија остане на своите ставови премиерот Заев вели дека македонските граѓани треба да бидат подготвени Македонија да не ги стартува преговорите со Европската унија до крајот на годината. Два дена по посетата на министерот Османи на Софија, без да открива детали, Заев вели дека она што било понудено на овие разговори не е во европскиот дух. Сепак е оптимист дека заедно со бугарскиот колега Борисов може да изнајдат решение за спорните прашања.  

Разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Бојко Борисов беа добри, но разговорите меѓу министерката Екатерина Захариева и министерот Османи не се баш добри. Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, а најмалку европски и ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември“, кажа Заев во Пробиштип,

Само 2 часа претходно Заев имаше сосема спротивен став. Во обраќањето по повод празникот 11 октомври, премиерот од Куманово порача дека по потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија, соседите денеска се најголеми сојузници и поддржувачи на европскиот пат на Македонија, а македонскиот јазик и идентитет се кристално чиста и завршена работа.

Нашиот јазик, македонскиот јазик, и нашиот идентитет Македонци се кристално потврдени во Обединетите нации, во Брисел и насекаде во светот.Македонија доби пробив на меѓународен план , благодарејќи на Договорот за добрососедство со Бугарија и Договорот од Преспа. Нашата држава е ценет и почитуван партнер, пример за регионот“, кажа Заев,

Честитка по повод 11 октомври испрати и шефот на државата. Пендаровски вели дека денешната генерација треба да биде горда на членството во НАТО, но и дека има обврска да ја гради Македонија според концептот кој нашите предци ни го оставиле во аманет.

 Како наследници на славната воена генерација, но, денес и како дел од НАТО алијансата со јасна европска перспектива, имаме одговорност да се спротивставиме на растечкиот расизам, дискриминација и неофашизам. А тоа се прави само на еден начин: со градење на демократска држава, во која граѓаните се еднакви пред законот, и нема недопирливи за правдата, вели Пенадаровски.

Во честитката на опозицискиот лидер пак се вели дека патот до слободата е вечен, а тој пат го оди и нашата генерација.

 За жал, денеска народот повторно е обесправен, а се тргува и со темелот на македонската држава и борбата на оние кои ни ја донесоа слободата и дадоа жртва борејќи се против неправдата. Денеска гледаме откажување и продажба на македонските национални и државни вредности, додека врз народот се врши невидена тортура и реваншизам. Неправдите, сиромаштијата и криминалот се секојдневие во Македонија. Токму затоа денес повторно е неопходно да застанеме против неправдите и да се избориме против злото за да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, градејќи светла и сигурна европска иднина, пишува Мицкоски на facebook.

 

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното