19-годишник ограбил црква во Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти две тешки кражби, исто толку обиди за тешки кражби, една кражба и еден обид за кражба и поднесе кривична пријава против 19-годишниот Џ.Б од Теарце.Џ.Б. се сомничи дека во периодот од април до јуни оваа година провалил во куќа и верски објект во Тетово, а се обидел да провали во верски објект и во куќа, исто така, и во тетовско Теарце.

Осомничениот Џ.Б. одземал парични средства и банкарска картичка, како и други предмети.

 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното