3,4 степени по Рихтер, земјотрес со епицентар во Македонија

Утринава во 05:07 часот по локално време е регистриран земјотрес со магнитуда од 3.4 степени според Рихтеровата скала во југозападниот дел на државата. Епицентарот се наоѓал 12 километри северно од Охрид, на длабочина од 9 километри.

Земјотресот е почувствуван во поширокиот охридски регион, но според досегашните информации, не се пријавени материјални штети ниту повредени лица.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) објави дека потресот бил на координати 41.222 северна географска ширина и 20.813 источна географска должина, на околу 62 километри источно-североисточно од Елбасан, Албанија.

11 минути по првиот регистриран земјотрес регистриран е нов со јачина од 2,3 степени. Епицентарот повторно е Охридскиот регион.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното