Апел до возачите на Попова Шапка: Отстранете ги возилата, патот ќе се чисти од 20 часот

Сопствениците на возила паркирани долж патот во Ски-центарот „Попова Шапка“ се повикуваат веднаш да ги отстранат своите возила, соопштија надлежните служби.

Од 20:00 часот Ски-центарот, во соработка со Општина Тетово, ЈП „Паркинг“ Тетово и полицијата, ќе спроведе акција за чистење на патот. Непрописно паркираните возила ќе бидат отстранети од страна на надлежните служби.

Надлежните апелираат за разбирање и соработка, со цел непречено одвивање на сообраќајот и нормално функционирање на Ски-центарот.