Околу 300 полицајци беа повикани да го разбијат пропалестинскиот протест на Универзитетот Хумболт во Берлин, откако демонстрантите се затворија во амфитеатар, објави Дојче веле.
Полицијата ги извади активистите од зградата на Универзитетот, а активистите претходно исцртуваа политички симболи и пораки на ѕидовите и прозорците.
Некои од транспарентите сега се предмет на кривична истрага, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата Мартин Хелвег изјави дека универзитетот и дозволил на полицијата да влезе во зградата и да го „исчисти“ тој дел од зградата.
Како што јави Шпигел, на факултетот е причинета значителна материјална штета.
Пред кампусот се собраа неколку лица, а во таа прилика дојде до пресметка со полициските сили, а активистите изјавија дека причината за окупирањето на амфитеатарот е противењето на израелските акции во Палестина, каде, како што наведоа, се крши меѓународното право.
Демонстрантите, исто така, се противат на намерата на Берлин да протера четворица странски државјани обвинети за учество во наводно насилни пропалестински протести, се додава во соопштението.
Од почетокот на конфликтот Хамас-Израел во 2023 година, имаше повеќе блокади и демонстрации на германските универзитети.