Беса подготвува интерпелација за Артан Груби и Изет Меџити ќе гласа „ЗА“

Според информации на ТВ21, Движење Беса подготвува интерпелација против вицепремиерот Артан Груби, но се уште не се знае од која причина.

„Во среда иницијативата ќе биде испратена до пратениците на ДУИ Изет Меџити и Мерита Коџаџику“, велат извори за телевизијата од „Движењето Беса“.

Од друга страна, пратеникот на ДУИ Изет Меџити на 29 септември по средбата со првиот човек на ДУИ Али Ахмети изјави дека доколку опозицијата покрене интерпелација за Артан Груби, тој ќе гласа „за“.

Додека политичките случувања поврзани со ДУИ не запрат, еден од незадоволните, Муса Џафери, поранешен вицепремиер, вечерва беше поканет да зборува за политичката криза кај Интегтративците  во „Клик плус“. Меѓутоа, еден час откако го објавивме промото за интервјуто, Џафери го откажа интервјуто.

„Ве молам, иако го потврдив моето присуство во емисијата за понеделник, ме известија дека во вторник имаме средба со првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Сакајќи да им дадеме дополнителна шанса на разговорите за внатрешните состојби во ДУИ, со жалење ве известувам дека мора да го откажеме интервјуто, со единствена причина што разговорите да не ги водиме преку медиумите. Ви благодариме за разбирањето. По средбата ветувам дека ќе дојдам во вашето студио“, рече Муса Џафери – поранешен вицепремиер.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното