БУГАРИЈА: „Продолжуваме со промени“ победи на изборите – спорот со Скопје приоритет

Новоформираната партија „Продолжуваме со промени“ победи на третите по ред параментарни избори кои вчера се одржаа во Бугарија.

Се надеваме дека со конструктивен начин на водење на преговори со Скопје ќе постигнеме многу подобри резултати од тие што имавме, изјави Кирил Петков од победничката партија на изборите во Бугарија.

По забелешката дека конкретно решение за Северна Македонија треба да се донесе до 14-ти декември, Петков беше запрашан: Го симнува ли Бугарија ветото или не?

„Ние овде треба да направиме работен процес. Не може да зборуваме за крајни резултати без работен процес. И ние се ангажираме, дека тој работен процес можеби ќе биде најголемиот приоритет на идното Министерство за надворешни работи, за да започне максимално брзо и да не губиме време. Но, не можеме да кажеме тој датум или оној датум, без да видиме како се одвива тој процес, каков успех има. Но, сакаме да започнеме со добрососедство, со добронамерност и се надеваме дека со еден многу конструктивен начин на водење на тие преговори ќе постигнеме многу подобри резултати од тие што имавме можност да ги видиме досега“, рече Петков.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното