Дали Визбегово станува нов Тимјаник? Протести на жителите против малиот групен дом за штитеници

Дислокација на малиот групен дом сместен во Визбегово заради не доволна грижа кон децата побараа на протест жителите на оваа населено место.

Тие обвинуваат дека воспитувачите немаат контрола над штитениците на државата со нарушено поведение бидејќи во доцните вечерни часови шетале низ населбата, влегувале во дворовите и барале цигари и пари. Тврдат дека не биле консултирани, а пред 5 недели преку медиумите дознале дека во нивното соседство живеат деца кои претходно беа згрижени во Домот “Ранка Милановиќ”.

-Речено ни е дека овој објект бил одбран како најдобар за младите лица со нарушено поведение, а во непосредна близина на објектот се наоѓа прифатилиште за бегалци, изјави Катерина Тодороска, жител на Визбегово.

-Одат по куќите и бараат цигари и пари, изјави Благој Илиевски, жител на Визбегово.

-Не може да инсталирате институција во населба која во урбанистички план е дефинирана како населба за домување, изјави Бардул Марку, жител на Визбегово.

Од министерството за труд и социјала ги негираат обвинувањата. На медиумите им го поделија барањето на граѓаните од Визбегово кои сакаат децата да бидат вратени во институцијата “Ранка Милановиќ”. Директорката на домот вели дека преку процесот на деинституционализација во куќата пред еден месец се сместени 3 деца на 12,13 и 14 годишна возраст. Заради протестот утринава морале да ги префрлат на друга локација.

-Децата не прашаа зошто нас не не сакаат соседите, а ние останавме без одговор, Виолета Масевска Палиќ, директорката на трансформираните установи „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ”.

Одговорната заштитениците тврди дека децата можат слободно да излегуваат зошто веќе не се сместени во институција од затворен тип, а досега немало пријава за правење проблеми во соседството.

И жителите на Визбегово и вработените во труд и социјала  тврдат дека нивните реакции се во интерес на децата, но како возрасни меѓусебе си упатија навреди едни на други.

Слична ситуација имаше и во Тимјаник минатото лето.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното