Денеска не очекува сончев и релативно топол ден

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и релативно топло особено во повисоките места и на планините.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Продолжува периодот на стабилно време со релативно високи дневни температури за овој период од годината, особено на повисоките места и на планините. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе се задржи умерено облачно и магливо што ќе услови пониски дневни температури.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното